„Паралелен свет“, Александар Валчев, Бугарија, 2024, 22'


Во рамките на овогодинешното Ехо, ќе имаме две прекрасни приказни од вертикалниот свет - од соседна Бугарија. Филмови за искачувања од светска класа - надополнети со човечката приказна која се испреплетува низ тие движења помеѓу соништата и вертикалите.

Едниот од нив е и овој филм на Александар Валчев.

По раѓањето на неговата ќерка, тектонски пресврт во приоритетите го насочува еден алпинист кон побезбедната, но сепак предизвикувачка област на врвниот „Dry Tooling".

Обидувајќи се да го помири татковството, со стремежот кон врвни спортски достигнувања, тој се наоѓа во сенката на еден од најголемите карпести тавани во светот.

Над него, бескрајното варовничко небо ja крие еднa од најтешките линии на нашето време — „Parallel World“.

Извртена вселена сама за себе, оваа насока бара ништо помалку - од сè.

Дел од изјавата на режисерот: „Паралелен свет“ е повеќе од филм за качување; тоа е размислување за тоа како ги бркаме своите соништа додека учиме да живееме со одговорност. Станува збор за повторно дефинирање на границите, за наоѓање смисла во новите предизвици и за луѓето кои стојат покрај нас додека продолжуваме напред.

Партнери

Поддржано од

Член на: